Лудило на улиците во Париз поради познатата пејачка

Светската поп ѕвезда Лејди Гага деновиве се наоѓа во Париз, Франција, каде што овој петок ќе се одржи спектакуларното отворање на Олимпијадата.

Гласините дека Лејди Гага ќе биде на свеченото отворање, односно дека ќе настапи на церемонијата на овој спортски настан, започнаа пред неколку недели. Во моментов не е јасно дали Гага настапува на свеченото отворање или на затворањето на настанот – со оглед на тоа што нема официјална потврда од организаторите.

Меѓутоа, извори блиски до Гага и организаторите на Олимпијадата 2024 година наведуваат дека пејачката престојува во Париз веќе неколку дена и дека од луксузниот хотел „Ројал Монсо рафлс“ излегува само на проби – и се враќа назад.

Самата Лејди Гага во еден момент го отворила покривот на автомобилот и им праќала бакнежи на обожавателите.

Обезбедувањето вчера, сепак, одлучило да ја опколи вратата од хотелот во кој таа престојува со огромен чаршаф за да може пејачката непречено да влезе во автомобилот и да оди на проба.

Продуцентите и костимографите задолжени за уметничкиот визуелен дел на свеченото отворање и затворање веќе работеа со Лејди Гага во минатото – а деновиве обожавателите забележаа дека меѓусебно се заследиле на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Коментари

Популарно