Разбојничка кражба на скопски булевар, скопјанец останал со оштетно возило

Скопјанец бил ограбен и нападнат од едно лице во Скопје среде бел ден.

На 23.07.2024 во 13.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото, информираа од МВР. 

Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден одземениот предмет. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. 

Коментари

Популарно