Малолетник тешко повреден, возачот кој го прегазил го однел на Клиника

Возач со „фолксваген венто“ прегазил малолетник по што го однел во скопските клиники.

- На 23.07.2024 вo 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Нов живот“ во Скопје, патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што возачот го однел во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од полицијата во вчерашниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно