Вработен во паркинг служба добил закани, а потоа и му бил одземен терминалот за наплата од страна на едно лице.
Инцидентот се случил во скопски Центар.

Како што информираа од полицијата, на 24.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ф.Н.(35) од Скопје пријавил дека околу 12.50 часот на работното место на паркинг простор на подрачјето на Центар, по претходна расправија за наплата на паркинг услуга, едно лице му се заканило, а потоа со употреба на сила му одзело терминал за увид на наплатите за паркирање, сопственост на Паркинзи на Општина Центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните.