Удрил во пешак, во паркирано возило, па во излог - Млад возач направи карамбол во гостиварско

Млад возач од Австрија вчера направил карамбол со возилото кај гостиварско. Удрил во пешак, во паркирано возило, па во излог.

Вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – село Чегране, кај село Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница, соопштија од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. 

Коментари

Популарно