Македонското тло не се смирува: Утрово нов земјотрес

Земјотрес од 3,1 степен утрово е регистриран во околината на Пехчево и на Берово.

Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случил во 8 часот и 46 минути.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.

Вчера попладне во истиот дел од државата беа регистрирани два потреси од кои едниот во 18 часот и 28 минути, од 3.6 степени според Рихтер, а вториот во 18 часот и 30 минути со локална Рихтерова магнитуда од 2,9 степени.

Земјотресите вчера беа почувствувани од жителите на Берово и Делчево.

Коментари

Популарно