(Видео) Автобус се запали во Бутел

Автобус се запали во скопската населба Бутел 2.

Според информациите од терен, чад го зафатил целото возило, стаклата се распукале, а на помош притрчале луѓе кои се обиделе да го изнаснат пожарот пред да пристигне противпожарната бригада.

Засега нема информации за повредени лица, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Пред две недели кај Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје се запали двокатен автобус на ЈСП, а возачот беше пренесен в болница оти вдиша чад.

На почетокот на месецов пак, двокатен автобус се качи на жардиниера на булеварот кај судовите во Скопје, а возачот на прес-конференција кажа дека му откажал воланот.

Целото видео погледнете го ТУКА

Коментари

Популарно