ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје информира дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250 мм. на улица „Тодор Александров“ 33 ќе има прекин во снабдувањето со вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности.
„Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на државата, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле.
Цистерна со питка вода ќе биде обезбедена и истата ќе биде надвижење по населбите, информираа од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.