Обезбедувачот на Гаши ќе одговара кривично - МВР доставило кривична пријава до ОЈО

Министерството за внатрешни работи, утрово поднело кривична пријава и предлог за отстранување од работното место за лицето С.С. кој е дел од личното обезбедување на претседателот на сообрание Африм Гаши, дознава Скопје Инфо.

Според изворите во Министерството за внатрешни работи, тој се сомничи дека на 1 август, пристигнал на скопскиот аеродром, каде со вербални закани попречил полициски службеник во извршување на работните задачи. Притоа со уште двајца колеги, тој се упатил кон ВИП салонот каде со закани по живот, упатил барања поврзани со спроводот на косовската претседателка.

Неофицијално, обезбедувачот ќе се соочи со кривична пријава, дисциплинска одговорност и времено отстранување од работното место, до завршување на целата постапка.

Коментари

Популарно