40-годишен велосипедист од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа

Тешко е повреден велосипедист во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово.

- На 05.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, после крстосница со с.Копаница, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(59), удрило во велосипед управуван од А.П.(40), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно