Сообраќајка на една скопска раскрсница, тешко повреден 28-годишен скопјанец

28-годишен скопјанец е тешко повреден откако се судрил со возило на една скопска раскрница. 

- На 05.08.0204 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Серава“ и ул.„Ферид Захири“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Џ.(46) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(28), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно