Повторно регистрирани 40 пожари во Македонија, гори и на Галичица

Повторно вчера во Македонија се регистирани 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, девет се активни, додека шест се под контроа соопшти ЦУК. Околу 20 дена е активен пожарот што избувна на територија на Македонски Брод кај селата Тажево и Брезница, а за жал од вчера пожарот е навлезен и во Јасен.

Утрово пристигна информација за пожар на Галичица од страната на Преспа, гори меѓу Коњско и Стење на границата со Албанија.

На Илинска планина, на територијата на општините Демир Хисар и Охрид, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума. Активен е и пожарот кај селата Папрадиште и Ореше, Општина Чашка. Ниска вегетација гори на територијата на Општина Петровец, село Градманци. Во Општина Студеничани гори кај селата Драчевица и Црвена Вода. Дива депонија гори кај село Челопеци, Кичево.

Од вчера нов е пожарот кај Косоврасти, Дебар каде на непристапен терен гори мешана шума. Во Македонски Брод актиевн е и пожарот кај село Слатина.

Под контрола се пожарите кај Негорци, Гевгелија, кај селата Зајас и Бачишта, Кичево, кај одмаралиштата на Пониква, Кочани, Пласница и депонијата кај Делчево.

Коментари

Популарно