Сензација на Олимпијадата, македонската теквондистка Рељиќ победи двократната олимписка шампионка

Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на дебито на ЛОИ и ја исфрли двократната олимписка шампионка.

Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда!

Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со удар во глава, дојде до 2-3, а потоа и до 2-4, на крајот рундата ја доби со 7-6.Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

Коментари

Популарно