Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од реонот Крушопек – Лака (општина Сарај)
- во периодот од 06.30 до 14.30 часот, корисниците од Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево, ЖТП Зелениково – Јане Сандански (општина Студеничани и Зелениково).
Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект на ул.Џон Кенеди бр.9 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Џон Кенеди, од 07:30 часот до завршување со санација на дефектот.