Победникот на натпреварот за избор на млад поткастер “ И твоето мислење е важно “ Михаела Трајковска го почна серијалот поткасти на Zase.mk во соработка со Поткаст студио.

Михаела во ЗА СЕ Поткаст ќе вика гости кои им се интересни на младите, но и ќе ги прашува работи кои се интересни за нејзината генерација.

Пејачи, спортисти, глумци, новинари, но и личности од јавниот живот ќе во наредниот период ќе влезат во разговор со младата Михаела.
Прв гостин и беше водителката на емисијата Нешто конкретно Снеже Велков.

Таа отворено раскажуваше за периодот кога живееле под кирија во стан од 30 квадрати, за тоа како дошла од Каменица во Скопје, но и за искуството со Големиот брат и Х фактор.
Погледнете и пишете го слободно вашиот коментар: