Скопските градоначалници и официјало со предлог до Владата и до Министерството за животна средина доставија предлог да се одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комиунална хигиена и паркови и зеленило.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека по денешниот состанок донеле донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.
„Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините“ рече Ѓорѓиевски.
Toj информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници.
Целото видео погледнете го ТУКА