Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов по кој знае кој пат излезе со апел до граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожар. Тој посочи дека ќе има жестока борба против сите оние кои ги предизвикуваат овие пожари и дополни дека ќе се бараат законски измени за построги казни.

„Палење на стриниште кое навидум изгледа безопасно, за миг може да се претвори во страшен шумски пожар. Голема благодарност за пожарникарите, кои вчера изгасија 24 пожари. Замислете како им е на пожарникарите и тие се на крајот на своите сили, затоа апелирам граѓаните да бидат внимателни со своето поведени и постапки да не предизвикаат пожар на отворено. Ги повикуван сите граѓани, доколку некое лице им е сомнително, или е невнимателно пали стрниште, да го пријават на 112 или на полициски станица. Нека се јават на пријател полицаец, пријател пожарникар, шумар, да пријават. Борбата мора да биде жестока против оние кои палат. Само со високи казни можеме да ги спречиме овие појави. Ќе бараме дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија“, рече Ангелов.