22-годишен скопјанец со „бмв“ настрада во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Завчера, во саботата, се случила сообраќајка меѓу „бмв“ и камион „фиат“ на автопатот Тетово-Гостивар. Тешко повредено е младо момче од скопско Радишани.

- На 17.08.2024 во 07:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв" со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(24) од село Радишани, скопско и товарно возило „фиат" со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(51) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Т.(22) од Радишани, сопатник во возилото „бмв“, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово. 

Коментари

Популарно