Синдикалната кошница ја проби границата од 1000 евра, растат трошоците за едно семејство

Растат трошоците за едно семејство објави Сојузот на синдикати на Македонија. За 629 денари се зголемила синдикалната кошница споредбено со јули. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

„Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани“, велат од ССМ.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.

Коментари

Популарно