Делови од скопско денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН денеска (среда), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

- во период од 05:00 до 12:00 часот населените места Студеничани, Моране - општина Студеничани, Орешани, Таор, Ново Село, Пакошево, Гумалево, Тисовица, Смесница, Дејковец, Добрино о. Зелениково, вклучително и објектите на ЖТП Јане Сандански и ЖТП Зелениково

- вд 09:40 до15:00 часот дел од корисниците во с. Кучково, с. Грачани и караула Чашка - општина Ѓорче Петров и

- во период од 08:00 до 09:00 часот дел од село Крушопек - општина Сарај.

Денеска поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул Лазар Поп Трајков бр32, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул Лазар Поп Трајков о. Гази Баба.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на интервенцијата.

Коментари

Популарно