Тешка сообраќајка во Арачиново: Возач удрил во паркирано возило и паркиран камион

Повеќе лица се повредени во сообраќајна несреќа во скопско Арачиново.

- На 21.08.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(31) од село Орланци, скопско, удрило во паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, паркирано од Н.М.(50) од село Арачиново и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.М.(37) од село Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, З.К.(70), а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници А.М.(35) и еден малолетник од истото возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија денеска во полицискиот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно