Повеќе видови дрога пронајдени кај двајца Израелци во скопски Аеродром.

- На 23.08.2024 во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Т.Н.(28) и Т.А.(28) двајцата од Израел, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, таблети, тврда материја, шишенце со течност, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.