Следниот понеделник почнува новата учебна година

Уште една недела од летниот распуст за учениците. Следниот понеделник, 2 септември, стартува новата учебна година.

Како што информираа минатата недела од Министерството за образование и наука, се дистрибуираат одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година.

Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември.

Претстојнава учебна година нема да има пролетен распут како што тоа беше случај минатата учебна година. 

„Не, нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет“, рече министерката Весна Јаневска.

Пролетниот распуст беше применет за прв пат годинава. 

Коментари

Популарно