Во текот на вчерашниот ден во полиција се пријавени две одделни „женски“ тепачки.

- На 26.08.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.К.(39) пријавила дека на 23.08.2024 околу 20.00 часот во село Петровец, скопско, по претходно нарушени односи, била физички нападната од М.К., двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
- На 26.08.2024 во 07.41 часот во СВР Скопје, Ј.В.(27) пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од И.В.(31), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.