Денеска Советот на Град Скопје треба да ја одржи конечно долгоочекуваната седница каде ќе се гласаат програмите на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и дополнителните средства за ЈСП Скопје за поправка на автобусите.

Откако претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ги повика советниците да ги изгласаат овие програми, претседателот на Советот, Трајко Славевски закажа седница за денес каде кажа дека сите програми на градоначалничката ќе бидат изгласани од страна на советот.
„Нема закочени процеси во Советот за Град Скопје, ако станува збор за закочување тоа е една програма, која ја спомнав, да се дозволат нови 120 вработени во „Комунална хигиена“. Се разбира, ќе ги разгледаме и другите програми кои што не се донесени“, рече Славески.
Претходно Арсовска заедно со Мицкоски седнаа во Влада во обид да го решат проблемот. Тогаш Мицкоски кажа дека и дава рок од една недела на Арсовска да почне да ги средува работите во градот во спротивно ќе се разгледа одземање на ингеренциите на скопската градоначалничка.