28-годишна кривопаланчанка е повредена од огномет за време на концертот на Северина во Крива Паланка

28-годишна кривопаланчанка е повредена од огномет за време на концертот на хрватската пејачка Северина во Крива Паланка.

- На 28.08.2024 во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека С.К. (28) од  село Конопница, кривопаланечко, на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување  на концерт, била повредена од огномет. С.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во „Здравствен дом“ Крива Паланка, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Коментари

Популарно