Повторно хаос во јавниот превоз, од понеделник приватните превозници нема да возат

Повторно хаос во јавниот превоз. Приватните превозници според информација на Сител донеле одлука со која од понеделник нема да возат.

Според нивната одлука тие ќе пуштат по еден автобус на секоја линија по што ќе ги паркираат автобусите и нема воопшто да се пуштат во сообраќај.

Оваа одлука на приватните превозници ќе се носи на дневна основа односно одлуката е само за во понеделник, а за деновите понатаму ќе се одлучува ден за ден.

Причината за тоа е долгот кој Град Скопје го има кон приватните превозници, а кој изнесува 2 милиони евра и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот за приватните превозници.

Коментари

Популарно