Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска купила карти за Дубаи во вредност од 3000 евра и не отишла по што картите пропаднале. Оваа информација ја објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција.
„На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.
Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари“, рече Лефков.