Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на својот инстаграм профил објави дека го испрати својот син во прво одделение. Таа кратко напиша „ Првиот училишен ден“.
Истото тоа го направи и сегашниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски која испрати ќерката во прво одделение. Тој напиша дека со многу радост и емоции ја испраќа на ова нејзино патување.
„Првиот училиштен ден е посебен за секое семејство, па така денеска нашата мала принцеза Илина го прави својот прв чекор во светот на образованието“, објави Тошковски на својот фејсбук-профил и додаде:
„Со многу радост и емоции ја испративме на ова нејзино патување. Секој момент од ова значајно животно поглавје да ѝ биде исполнет со радости, нови пријателства и нови знаења“, напиша Тошковски.