„Опел“ удри велосипедист кај „Партизанска“

42-годишен скопјанец е тешко повреден откако во неговиот велосипед удрил „опел“.

- На 04.09.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„1033“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(56), удрило во велосипед управуван од Љ.А.(42), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Коментари

Популарно