Скопјанка со реакција за јавниот превоз: Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, отколку од Ѓорче до Центар

Поплаките кон ЈСП и Град Скопје во врска со јавниот превоз станаа секојдневие. Овој пат, скопјанка се пожали дека побргу стигнала од Италија до Скопје отколку од Ѓорче до Центар.

- Секоја чест за ЈСП и Данела Арсовска. Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, отколку од Ѓорче до Центар!!! Секако после маратонско чекање автобус морав да одам со такси на работа (едвај најдов)! До толку ли не можете еден јавен превоз да средите?! Народот не го заслужува овој хаос! - сподели таа на фејсбук.

Коментари

Популарно