Хороскопски знаци кои не знаат како да штедат

Дали некогаш сте се запрашале зошто еден пријател постојано плаче поради празен паричник, иако е само почеток на месецот?

Или можеби спаѓате во категоријата на оние кои постојано сонуваат за тоа колку би било убаво да се има „нешто на страна“, но тој сон никогаш не станува реалност?

Можеби одговорот е поедноставен отколку што мислите – виновен е вашиот хороскопски знак. Според астрологијата, луѓето родени под овие знаци едноставно не знаат како да штедат:

Лав

Лавовите се кралеви на Зодијакот, но и кралеви на трошењето. Ако нешто не можат да поднесар, тоа е минливоста, а ништо не е поминливо од парите. Лавовите се познати по нивната љубов кон луксузот и гламурот. Последниот денар ќе го потрошат на скап часовник, луксузна вечера или викенд патување во Грција – затоа што… зошто да не? Нивната логика е едноставна: животот е краток, а парите доаѓаат и си одат. Па зошто да не го потрошите на работи што носат радост и восхит на другите?

Стрелец

Стрелците се авантуристи, секогаш бараат нови искуства и возбуда. За нив животот е една голема авантура, а парите се само средство за постигнување на тие возбудливи моменти. Тие попрво ќе трошат на непланирано патување до непознато место отколку да штедат за „не дај Боже“ моменти. Тие веруваат дека искуствата не можат да се купат, но иронично, честопати ја трошат целата своја заштеда токму на тие искуства. За нив штедењето значи ограничување, а ограничувањето значи пропуштање на животните авантури.

Близнаци

Близнаците се познати по својата дволичност, но кога се во прашање парите, тие имаат само една страна – „трошачката“. Тие се знак на комуникација и дружељубивост, што значи дека уживањето во животот и поминувањето време со пријателите им е исклучително важно. За Близнаците штедењето е само досадна пречка меѓу нив и следниот состанок, концерт или купување на најновиот гаџет. Нивното мото е: „Едноставно не можам да одолеам на привлечноста на сјајните нови работи“, па нивната банкарска сметка е често празна.

Коментари

Популарно