Млада девојка е тешко повредена откако со мопед излетала од пат во Крива Паланка

Млада девојка излетала од пат со мопед при што е тешко повредена.

- На 16.09.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово, соопштија од полицијата водневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка. 

Коментари

Популарно