Општина Гази Баба постави вертикална и хоризонтална сигнализација пред воспитно-образовните објекти на нејзиното подрачје.
- Изминатиот период по налог на општина Гази Баба пред повеќе општински основни училишта и детски градинки се постави вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а со поставување на успорувачи на сообраќајот на влезот на училиштата и градинките, како и обележувањето на пешачките премини обезбедуваме безбедно пристигнување и заминување на најмладите, информираше градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.