Мајката на Вања побара исклучување на јавноста од целата судска расправа

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче од Скопје Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од целата јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот. 

Ова, како што е наведено, доаѓа имајќи ги предвид, силното медиумско известување кое придонело кон продлабочување на болката и стравот кај мајката и сестрата на Вања. 

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје судскиот процес за убиствата кои ја потресоа Македонија. 

Коментари

Популарно