(Фото) ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА СЕ - Слоганот „Еден е Манаки“ направи бура од коментари и толкувања

Бура реакции во јавноста за слоганот „Еден е Манаки“ за годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи во Битола.

Несомнено, јавноста е збунета, а вчера на социјалните мрежи се редеа низа досетливи коментари за овој слоган.

Ви пренесуваме дел од реакциите во јавноста:

- Се мисли на фестивалот еден е... Еден е Манаки....Кога се чита буквално е смешно оти се двајца браќа. 

- Тазе дете у агенција (куцка): сугерирај слоган за фестивал на филмска камера посветен на браќата Манаки. Chatgpt: еден е Манаки! 

- Добар маркетинг е ова со слоганот за фестивалот Манаки. Се зборува, се пишува, некој со потсмев, некој во одбрана и очигледно е дека се постигнува поголема заинтересираност кај народот. Кој патем речено не ни знај за што е овај фестивал. Така да, точно, еден е фестивалот Манаки и со нетрпение го чекам целиот кич што ќе се истури таму (со малку исклучоци се разбира). Битола со сиот сјај.

Коментари

Популарно