Кисела Вода е првата општина во Македонија која постави пет надворешни прочистувачи за воздух

Кисела Вода стана првата општина во Македонија која постави 5 најсовремени Filter Cube III уреди за надворешна употреба. Овие прочистувачи имаат максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч и обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.

„Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот. Претходно, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, што го направи ова училиште првото на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.

Оваа е вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија“ напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Коментари

Популарно