Инцидент се случил вчеравечер во скопски Аеродром.
Како што соопштија од полицијата, вчера во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49) затоа што на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од МВР.