Застаре уште едно дело на Груевски, нема да одлежи двегодишна затворска казна за „Тенк“

Поранешниот премиер Никола Груевски нема да ја одлежи двегодишната затворска казна по предметот „Тенк“. Причина за ваквото нешто е застарување на истата откако поминаа шест години.

Според законот, „застареноста на извршувањето на казната настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршувањето на казната“, или во овој случај три плус три години или вкупно 6 години колку што поминаа од изрекувањето на правосилноста на пресудата.

Груевски во случајот на поранешното СЈО беше осуден за делото примање награда за противзаконито влијание. Покрај него беа осудени и поранешната министерка Гордана Јанкуловска на 4 години затвор и Ѓоко Поповски кој исто доби 4 години.

По измените на Кривичниот законик на Груевски му застареа предметите ТНТ, за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“, за провизиите за изградба на автопатиштата. Со измените на КЗ застаре и обвинението  „Феникс“, за проектите од „Скопје 2014“.

Сепак Груевски кога би се вратил во Македонија треба да одлежи повеќе години. За предметот „Плацови на Водно“ има правосулна пресуда од 9 години затвор и таа застарува во 2043 година. За предметот „Насилство пред Општина Центар“, пак, затворската казна од една и пол година му застарува во 2027 година. 

Коментари

Популарно