Видео од страотниот пожар во скопски Чаир, евакуирани околу 100 лица

Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош откога вдишиле од чадот.

Според информациите од МВР, пожарот избил синоќа, а противпожарната бригада  добила пријава дека огнот се раширил од магацин на неутврдена површина на улицата Прохор Пчински во Скопје.

Пожарот зафатил и продавница, а интервенирале 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а според информациите биле евакуирани околу 100 лица.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Коментари

Популарно