Вчера во 12.05 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници извршиле рутинска контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки таблички.
При контролата било утврдено дека возачот П.Н.(63) не го баждарел тахографот на возилото кој бил истечен од јануари 2024 година.
За настанот бил известен дежурен инспектор од Државен инспекторат за транспорт, кој излегол на местото и на возачот му изрекол глоба во висина од 3.900 евра