Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Муцунски нагласува дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство

Денеска, 9 октомври, Генералното собрание на ОН ги избра Бенин, Боливија, Колумбија, Кипар, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Северна Македонија, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд да бидат членки Советот за човекови права за мандатот 2025-2027 година.

Коментари

Популарно