Косовец ги запалил подрумите во зградата на општина Тетово, веќе е во „Шутка“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

- На 06.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода. Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено – поправната устнова Затвор Шутка во Скопје, информираа од полицијата. 

Коментари

Популарно