Карлеуша призна: ГО ИЗНЕВЕРИВ ДУШКО, БЕВ СО ОЖЕНЕТ МАЖ, а тој ја остави сопругата

Пејачката Јелена Карлеуша призна дека го изневерувала сега веќе бившиот сопруг Душко Тошиќ додека биле во брак, а имала афера со оженет маж.

Пејачката Јелена Карлеуша неодамна потпиша документи за заеднички развод од Душко Тошиќ по 16 години брак, а сега јавно призна дека го изневерувала.

Пејачката додека гостувала во една телевизиска емисија не можела да каже дали ја изневерува и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, но додала дека сигурно не зборувала и нема да зборува за тоа.

„Затоа што верувам дека некои работи треба да се држат во четирите ѕида и ако излезат на виделина, сопружниците да бидат заедно. Не знам дали ме изневерил, немам докази“, рекла Јелена, додавајќи дека, сепак, самата го изневерила Душко, но дури кога сфатила дека меѓу нив нема повеќе емоции.

"Го изневерував во моментот кога бев сигурна дека не ме сака, ниту дека го сакам. Тогаш веќе не беше изневерување, ниту пак чувствував дека изневерувам. Не можеш да изневериш некого кој не те сака и кој не го сакаш, тоа не е изневерување, тоа е големо ништо“.

Потоа открила дека била со оженет маж, кој ја оставил сопругата поради неа, иако таа го убедила да не го прави тоа.

„Не е проблем да се биде со оженет маж, но проблем е кога сака да се разведе и тогаш настануваат големи проблеми“, рекла Јелена, а потоа појаснила:

„Имав афера со оженет маж и се покајав што побрзо, толку подобро бидејќи во истиот момент ја остави сопругата. За него тоа не беше брак, туку фарса. Јас бев таа што го убедував да не се разведува, заврши Карлеуша во емисијата „4 ипол жени“.

Коментари

Популарно