Малолетничка тешко повредена во Кавадарци, со мопед удрила во паркирано возило

Малолетничка од Кавадарци со мопед удрила во паркирано возило при што е тешко повредена.

- На 16.10.2024 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14.00 часот на улица „4 Мај“ во Кавадарци, мопед „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б.(68) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци, соопштија од полицијата. 

Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Коментари

Популарно