Делови од три скопски општини денеска без струја, вода ќе нема на една улица

Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево (општина Зелениково)

– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).

– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром).

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска (петок) :

- поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности .

Коментари

Популарно