Стручните служби од Сектор пајак на ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со надлежните, отстранија непрописно паркирани возила на јавни површини во централното градско подрачје, поточно на булевар „Филип Втори Македонски".

Во акцијата во петокот отстранети се вкупно 10 непрописно паркирани возила.
- Апелираме до граѓаните да не паркираат на јавни и зелени површини. По сите непрописно паркирани возила ќе биде соодветно постапено од страна на службите на претпријатието во соработка со Град Скопје и службите од локалната самоуправа, потсетуваат надлежните.



