Ампева за предлогот од опозицијата за зголемен минималец: До вчера беа на власт, глумат сега заштитници на правата на работниците

Опозициската СДСМ вчера обзнани дека ќе предложат измени и дополнувања на законот за минимална плата.

- Со измените предвидуваме минималната плата да се покачи на 27 700 денари што претставува пораст од 12, 3 проценти, порача вчера претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Веста предизвика револт кај работниците. „Зошто тоа не го сторија додека беа на власт?“ е главното прашање кое го поставија граѓаните, алудирајќи дека потребни се повисоки плати со оглед на животниот стандард. 

- Беа на власт 7-8 години, а не изгласаа?! И зошто не ги дадат украдените милијарди додека беа на власт за работниците да имаат сите просечна плата како минимална плата, а Филипче и раководството на сдс нека земаат 27000 денари и нека преживеат. Ова е чисто лицемерие и потценување на интелигенцијата на народот. Минималната плата може да биде и над 500€ без проблем е бидејќи еден странски инвеститор кој има фабрика во Македонија и во Германија има многу поголеми трошоци за работа во Германија со оглед на неколку пати поголемите плати и тоа што таму редовно плаќа поголем данок и други давачки, а сепак работи профитабилно и плаќа неколку пати поголема плата на работникот во Германија. И нашите газди можат да го намалат енормното заработување за да дадат поголема плата на работникот кој им прави енормен профит, еве на пример супермаркетите, а и сите други фирми како што објаснив погоре, гласи еден коментар на фејсбук на оваа тема. 

Со став се јави и активистката за заштита на работничките права Кристина Ампева.

- Ја да сум на нивно место, дека убаво е и лагодно у опозиција, ќе барам 1000 евра. Нема веза што до вчера беа на власт. Кога им давав предлози за покачување на платата по примерот на Црна Гора, не им се слушаше. Сега од оваа позиција, ќе глумат заштитници на правата на работниците. Ситни политички поени. Исти, сите. И едни и други и трети.

Коментари

Популарно