По карфиолот кој домаќините го ставаа во туршија, граѓаните со реакции за цената на сезонската зелка.
Килограм зелка, која перидов се подготвува во буриња за претстојната зима, чини над 50 денари.

Оваа цена важи за пазарите на мало, каде согласно квалитетот зелката се продава од 50 до 80 денари, додека низ маркетите е над 80 денари.
- За да се купи поголема количина ќе излезе скапо. Порано зелките се продаваа по 20 денари максимум, реагира еден купувач.
Според најновите податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем на Министерството за земјоделство, најевтина е зелката во Кичево и Крушево, додека низ скопските пазари се движи од 50-60 денари.
Во меѓувреме падната цената на карфиолот на 150, 130 и 100 денари по килограм.