Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:

- Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково, населено место Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Сесница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево
- Од 08,30 до 12,30 часот, општина Ѓорче Петров дел од село Волково
- Од 09,00 до 13,00 часот, општина Карпош - дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае
- Од 13,30 до 14,30 часот, општина Ѓорче Петров дел од село Радуша.
Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради промена на вентил во шахта ф 2“ на ул.Никола Русински бб (за Македонска Пошта), прекинато водснабдување од 09 часот ќе имаат корисниците од ул.Никола Русински и детската градинка (општина Карпош).